199
Завршија настапите на македонските клубови во европските натпреварувања, односно квалификациите за истите.
Најмногу натпревари (четири) одигра Струга Трим Љум и тоа два во Лигата на шампионите и два во Конференциската лига. Од друга страна, само по два европски настапи имаа Тиквеш и Шкендија.
Според пропозициите и правилата на УЕФА, познати се премиите за трите наши европски претставници ова лето.
Струга по своите четири натпревари ќе инкасира речиси еден милион евра, осносно 960.000 евра. Од друга страна, Шкендија и Тиквеш ќе заработат по 325.000 евра.