Познати детали од договорот на Флик и Барселона, Германецот имал еден посебен услов

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Барселона денеска го потврди заминувањето на Чави кој наредната сезона нема да биде тренер на каталонците, а веќе е извесно и кој ќе го наследи на клупата на каталонскиот гигант.

Повеќе нема дилеми и доколку не се случи некој голем пресврт Ханси Флик ќе седне на кормилото на Барселона.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо веќе објави и детали од договорот кој Флик ќе го има со Барселона. Германецот наводно се согласил на договор до 2026 година, но тој ќе биде 1+1. Ова значи дека останувањето во втората година ќе му зависи од резултатите во првата.

Исто така еден од условите кои го поставил Флик бил со себе да го понесе и својот стручен штаб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани