Познатиот спортски директор најави: Калифиори го избрал новиот клуб – се сели во Премиерлигата!

by Стефан
1 минути читање

Рикардо Калифиори е еден од фудбалерите кои се очекува во овој преоден рок да направат исчекор и да ја променат средината. Според последните најави, дефанзивецот на Болоња веќе го избрал новиот клуб.

Нова дестинација за Италијанецот би требало да биде Премиерлигата и тимот на Арсенал. Преговараше Калифиори долго време и со Јувентус, но на крајот се одлучил да се пресели на Островот.

Арсенал брзо постигнал договор со Болоња и ќе плати сума од 45 милиони евра плус бонуси. Дека трансферот е пред реализација потврдува и изјавата на познатиот спортски директор, Валтер Сабатини.

„Навистина е катастрофа така млад и одличен играч да ја напушти нашата лига и тоа за 45 милиони евра кога дефанзивците се плаќаат далеку повеќе. За мене тоа е минималец за таков играч, има одлична лева ноа, физички е надмоќен, поседува лидерски способности и неверојатен карактер. Видовме што направи против Хрватска кога ја извлече топката од својата половина и испрати одличен пас за гол. Тоа го можат само големи играчи“, изјави Сабатини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани