Поразот од Барселона со 0-4 во последното „Ел Класико“ сериозно го здрма европскиот и шпански првак Реал Мадрид.
Ситуацијата е сериозна до степен да шпанските медиуми почнат да лицитираат со имиња за заменик на Карло Анчелоти. Според најавите, италијанскиот стратег кој е легенда на клубот ја работи последната сезона во Мадрид. Тој нема да добие отказ среде сезона поради сè што има направено за Реал, меѓутоа веќе налето веројатно заминува.
Флорентино Перез има една идеја за која сонува како потенцијален заменик. Секако, се работи за Чаби Алонсо кој направи голем успех со Баер Леверкузен и се пласира меѓу елитните тренери во Европа.
Младиот стратег има договор со „фармацевтите“, но прашање е дали ќе го продолжи. Поради тоа се споменува дека Перез ќе тргне во офанзива да ги договори неговите услуги за следната сезона во Мадрид.