Французинот Пол Погба по четиригодишната суспензија поради допинг одлучи да се посвети на други работи во животот, па сега снима филм.
Имено, поранешниот француски репрезентативец ќе „заплови“ во актерските води, а тешко е да се очекува дека по завршувањето на фудбалот ќе се врати на професионалниот фудбал. Реномираниот „Паризиен“ објави дека Погба ќе има улога во филмот „4 нули“ на режисерот Фабиен Онтениенте.
Тоа практично е продолжување на филмот „3 нули“ кој во 2002 година привлече повеќе од 1.2 милиони гледачи. Погба ќе ја има улогата на тренер на младинскиот тим, а во главна улога е талентиран тинејер од Коморските Острови кој е означен како новиот Килијан Мбапе и сонува да стане ѕвезда на Пари Сен Жермен.
Планот е филмот да заврши со снимање на 14-ти мај на Корзика, а премиерата во кината би можела да се очекува во април следната година.
Ќе потсетиме, Погба падна на допинг тест во август 2023 година и во февруари му беше изречена суспензијата поради користење на недозволени средства. Иако има договор со Јувентус до 2026 година во овој момент неговата плата е „замрзната“ и нема примања од клубот.
Погба поднесе жалба до Спортскиот суд за арабитража во Лозана и доколку биде прифатена постои можност казната да му се намали.