233
Француската ѕвезда, Пол Погба вели дека и покрај суспензијата тој напорно тренира и верува дека кариерата не му е завршена.
Откако доби четиригодишна суспензија поради допинг, многумина сметаат дека тоа значи и крај на кариерата за Пол Погба, но тој не се сложува со тоа.
„Се уште сум фудбалер. Не ги перцепирам оние кои велат дека сум пензиониран, готов… сакам да се борам за мојата кариера, оптимист сум“, вели Погба.
„Не сум готов. Тренирам напорно! Уште сум фудбалер, сто проценти!“.
„Не можам да дочекам да се вратам на теренот“.