Французинот Пол Погба по намалувањето на суспензијата од март ќе може да игра натпревари, меѓутоа Јувентус не смета на него.
Погба јавно зборуваше дека има желба да остане во Торино, но клубот смета дека долгиот период надвор од терените оставил сериозно влијание на неговата форма.
Фудбалерот за врска порача и дека за помалку пари би прифатил да го носи дресот на „старата дама“.
„Сакам да останам во Јувентус, би играл и за помалку пари. Сакам да разговарам со тренерот Мота, верувам дека можам повторно да бидат ату за овој клуб. Ако тој прифати, финансиите нема да бидат проблем, лесно ќе се договориме“, изјави Погба.
Ова Погба го изјави на прес-конференција која самиот ја организираше, меѓутоа токму тој негов потег изгледа дека уште повеќе го одалечи од останување во Торино.
Италијанските медиуми пренесуваат дека на Јувентус не му се допаднало тоа што Погба самиот организирал прес-конференција без присуство на луѓето во клубот. Според договорот кој го има Французинот тоа не било дозволено.