Никогаш досега фудбалерите од светскиот „крем“ не биле поблизу до штрајк од професионалното играње на најпопуларниот спорт.
Синдикатот на играчи ФИФПРО Европа е во „војна“ со ФИФА и УЕФА. Челните организации во фудбалот се обвинуваат за сè повеќето натпревари низ сезоната, а јаготка на шлагот е Светското клупско првенство кое следното лето ќе се игра со 32 клуба.
Еден од најгласните против зголемениот број натпревари е ѕвездата на Манчестер Сити и Шпанија, фудбалерот за врска Родри. Шпанскиот фудбалер ја заврши сезоната, се повреди и нема да игра во оваа кампања, па тоа му дава време да размислува и да „заговара“ на бојкот.
Потврда дека светските ѕвезди сакаат да штрајкуваат даде и претседателот на ФИФПРО, Давид Терие кој кажа: „Се повеќе и повеќе играчи велат дека сакаат да организираме штрајк. Подготвени се, не можат да поднесат ФИФА да не ги слушне или почитува“.