93
Дефанзивецот Матс Хумелс долго време беше без клуб и чекаше цело лето по заминувањето од Борусија Дортмунд за на крајот да ја избере Рома.
Неговиот избор како што стојат работите засега и не беше добар. Повеќе од два месеци чекаше Хумелс на деби во дресот на „волчицата“, а кога доби шанса од Јуриќ вечерва си постигна автогол и тоа за водство на Фиорентина од 5:1.
Пред да ја избере Рома дефанзивецот одби понуда од повеќе клубови ширум светот.