Средбите во централниот саботен термин од 13. коло на Бундеслигата не понудија изненадувања.
Баер Минхен релативно убедливо го совлада Хајденхајм со 4-2 (1-0) на „Алијанц Арената“. Баварците поведоа преку голот на Упамекано во првиот дел, а на стартот на вториот Хонсак израмни (1-1). Следеа голови на Мусиала и Горецка, пред Дорш да намали на 3-2. Точка на победата со својот втор гол стави Јамал Мусиала.
Шампионот Баер Леверкузен слави против Сент Паули со 2-1 (2-0). Поведе домаќинот на „БајАрена“ преку Вирц и Тах доста рано, а потоа имаше и поништен гол на Теља. Финишот интересен го направи Гилавоги кој погоди за 2-1 во 84. минута.
Крај на серијата од шест меча без триумф (во кои пет беа порази) стави РБ Лајпциг на гостувањето кај Холштајн Кил (0-2). Напаѓачите Бенјамин Шешко и Андре Силва донесоа триумф за „биковите“.
Аугсбург изненади и освои бод на тешкото гостување кај Ајнтрахт Франкфурт (2-2), а Вердер минимално слави кај Бохум.