ФК Победа соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот Јане Николовски и наскоро ќе одбере нов тренер.
По седум одиграни кола Победа освои само четири бодови во Втората македонска фудбалска лига и се наоѓа на 14. позиција на табелата.
Ваквите резултати се причината поради која Победа и Николовски ја прекинуваат соработката.
„Со ова соопштение, ФК Победа сака да информира дека, по взаемна согласност, клубот и тренерот Јане Николоски решија да го прекинат својот професионален ангажман.
Клубот му се заблагодарува на Јане Николоски за неговата посветеност, труд и сите достигнувања што ги постигнавме заедно за време на неговиот мандат. Се надеваме дека ќе има успех во сите негови идни професионални потфати.
Нашиот фокус сега е на избор на нов тренер кој ќе продолжи да го води тимот кон нови предизвици и успеси. Клубот останува посветен на својата цел да обезбеди најдобри услови за своите играчи и навивачи“, стои во соопштението на Победа.