Денешната победа на Борусија Дортмунд над ПСЖ им донесе место во Лигата на шампионите и за следната сезона.
Благодарение на денешниот триумф, Бундеслигата и официјално доби пет места во Лигата на шампионите за следната сезона. Истото што пред некое време се случи со Серија А.
Добрите настапи на германските клубови во натпреварувањата на УЕФА им донесоа рангирање на второто место, а со тоа станаа втората лига која ќе има пет претставници во следната сезона во најелитното натпреварување.
Ова ѝ одговара токму на Борусија Дортмунд која е на петтото место во Бундеслигата со дури 12 бодови повеќе од шесттиот Ајнтрахт на три кола до крајот на сезоната, а тоа значи дека и теоретски обезбедија место во Лигата на шампионите.