ПМФЛ 14. коло: Дерби на разнишаните Вардар и Шкупи, интересно ќе биде и гостувањето на лидерот кај шампионот

by 24 фудбал
1 минути читање

Во 14. коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат две дерби пресметки.

Со сигурност многу повозбудлива и поинтересна за јавноста ќе биде онаа на „Градски“ каде што Вардар ќе го дочека градскиот ривал Шкупи. Дербито на градот кое во последните години немаше баш голем сјај поради кризниот период на Вардар сега е понепредвидливо. Одново „црвено-црните“ играат променливо, ама сезонава и Шкупи воопшто не блеска и покрај силниот ростер на играчи. Вардар чека на победа од 2020 година, па делува дека не може да има подобар момент за такво нешто.

Дерби меч се игра и во Струга каде што шампионот ќе го дочека Работнички. Лидерот на табелата врза три нерешени во низа, а стружани бараат приклучок кон врвот. Работнички не знае за пораз и е единствен по тој параметар во лигата, а реално гледано квалитетот е на страната на Струга.

Натпревари од 14 коло на ПМФЛ:

Вардар – Шкупи
Струга – Работнички
Шкендија – Брера
Силекс – Пелистер
Гостивар – Воска
Тиквеш – Беса

Сите шест натпревари во оваа рунда на ПМФЛ се играат во 13:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани