Денеска од 17:00 часот се играат натпреварите од 32. коло во македонското првенство, а во центарот на вниманието е дербито помеѓу Шкендија и Струга кое е од голема важност за титулата.
Математиката е јасно, ако Шкендија слави победа ќе стигне до својата петта титула во клупската историја, додека ако победи Струга, а Шкупи не слави против Брера, тогаш актуелниот шампион ќе остане на врвот.
Поради тоа овој натпревар е и тоа како интересен. Шкендија сака да ја врати титулата која последен пат ја освои сезоната во 2020/2021. Тетовскиот клуб сигурно ќе има и голема поддршка од трибините на стадионот кој во овој момент е во изградба.
Формата е на страната на избраниците на Јетон Беќири, успеа Шкендија да влезе во форма токму во моментите кога е најпотребно, додека пак Струга почна да игра променливо и да губи бодови.
Во останатите натпревари денеска се среќаваат: Гостивар – Работнички, Македонија Ѓорче Петров – Брегалница, Силекс – Вардар и Тиквеш – Воска Спорт.