ПМФЛ: Беса подобра од Вардар, Работнички се радуваше во дербито, Силекс го прегази шампионот среде Струга!

by Стефан
2 минути читање

Работнички се радуваше во дерббито на 10. коло во Премиер лигата откако на домашен терен дебармаалци беа подобри од Гостивар со 1-0.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 15. минута кога во листата на стрелци се запиша Мазари.

Со овој минимален триумф Работнички си обезбеди три бода предност во однос на Шкендија која исто така не победи во ова коло и одигра 0:0 против Тиквеш.

Гостивар по поразот падна на четвртата позиција, а 17 бода има и Силекс кој е трет. Кратовчани во ова коло славеа победа над шампионот Струга со 1-4.

Без голови заврши натпреварот помеѓу Пелистер и Шкупи, додека Брера и Воска во натпревар со по едно исклучување на двете страни ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1.

Вардар остана претпоследен на табелата откако го загуби натпреварот со Беса во Добридол со 2-1. Есати во првиот дел ги доведе домаќините во водство кое беше актуелно се до 73. минута кога Омерагиќ погоди за изедначување. Сепак, Фетаи само четири минути подоцна го постигна победничкиот гол за Беса.

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО ПМФЛ:

Брера – Воска 1-1

Беса – Вардар 2-1

Пелистер – Шкупи 0-0

Работнички – Гостивар 1-0

Струга – Силекс – 1-4

Тиквеш – Шкендија 0-0

ТАБЕЛА: Работнички 22, Шкендија 19, Силекс 17. Гостивар 17, Струга 15, Шкупи 13, Беса 12, Брера 12, Пелистер 11, Тиквеш 11, Тиквеш 8, Вардар 7, Воска 6

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани