Вечерва се играа првите натревари од плеј-оф двојките за место во Лигата на шампионите наредната сезона, а во нив победи забележаа екипите на Бодо Глимт, Динамо Загреб и Лил.
Најубедлив беше тимот на македонските фудбалери Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Хрватскиот гигант беше подобар од Карабах со убедливи 3:0. Ристовски кој беше во стартниот состав на Динамо одигра само 20 мнути кога мораше да биде заменет поради повреда.
Првиот гол беше дело на повратникот во редовите на Динамо Марко Пјаца на истекот на половина час. Преостанатите два гола ги постигна Куленовиќ во вториот дел. Со оваа предност на Динамо на Карабах ќе му треба чудо за да ги елиминира „модрите“ во реваншот на домашен терен за седум дена.
Црвена Звезда со пораз се враќа од Норвешка каде што гостуваше на Бодо Глимт. Сепак резултат 2:1 на белградскиот гигант му дава за право да се надева дека на „Рајко Митиќ“ во реваншот може да дојде до пресврт. Головите во оваа средба домаќините ги постигнаа во второто полувреме преку Бјортфут и Мата.
Во третиот натпревар кој се играше вечерва Лил на свој терен со 2:0 ја совлада Славија Прага.