Екс-претседателот на Франција, Мишел Платини жестоко ги критикуваше предводниците на УЕФА и ФИФА, Александар Чеферин и Џани Инфантино.
Платини не штедеше критики во интервјуто кое го даде за италијанскиот „Тутоспорт“.
„Тие двајца се никој и ништо! Немаат никаква врска со фудбалот! Тука се поради моќта и влијанието, иако никогаш не потрчале по топка. Инфантино никогаш не управувал со клуб или федерација, а сега е претседател на ФИФА?! Фудбалот треба да биде управуван од поранешни луѓе и тренери кои биле на теренот и директно знаат со што се соочуваат играчите. Потребни се луѓе како: Баџо, Дел Пјеро, Клоп, Гвардиола, Халанд, Мбапе…“, истакна Платини.
Oстар беше Платини и кога во прашање е новиот формат во Лигата на шампионите кој треба да стартува веќе од наредната сезона.
„Не ми се допаѓа новиот формат. Ќе се играат повеќе натпревари, но само за да се соберат повеќе пари без никаква логика. Мислам дека тој формат настана како притисок од формирањето на Суперлигата. Сепак, сигурен сум дека Суперлигата еден ден ќе се реализира“, смета поранешниот прв човек на УЕФА.