Иван Ракитиќ потпиша договор со Хајдук на една година, но во него има опција истиот да биде продолжен за уште една сезона.
Хрватскиот ветеран вториот дел од изминатата Севиља го помина во саудискиот Ал Шабаб од каде што сега се враќа во татковината. Ракитиќ ќе го носи дресот со број 11, а за да пристигне во Хајдук се откажа од вистинско богатство.
Во Саудиска Арабија, Ракитиќ имаше плата од 15 милиони евра по сезона и договор на уште една година, но сега во Хајдук ќе добива годишна плата од 600.000 евра, а со нив нема да биде најплатен ниту во тимот. Марко Ливаја има плата од околу еден милион.
Сепак во овој трансфер парите за Ракитиќ беа во втор план, пресуди неговата желба за играњето во Сплит. Интересно е што и тие 600.000 евра нема да ги исплаќа Хајдук туку познат трговски синџир. Од Хајдук, Ракитиќ ќе добива само одредени бонуси.