108
Репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ и сезонава е фудбалерот со највисока плата во Серија А.
Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објави дека српскиот напаѓач во Јувентус има плата од 12 милиони евра и со тоа се наоѓа на врвот. Но посебно се истакнува дека платата на Влаховиќ во Јувентус е повисока од буџетите на три калчолигаши: Емполи, Лече и Верона.
Зад Влаховиќ следи напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, додека на третата позиција има уште еден фудбалер на „нероаѕурите“, Николо Барела.