Пиротехника и шишиња кон Аргентинците, а навивачи на Мароко трчаа и по теренот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Мароко и Аргентина на Олимписките игри заврши со нерешени 2-2. До овој резултат Аргентинците дојдоа со гол во 116. минута, во последните секунди од средбата.

Лутите Мароканци не можеа да се помират со фактот дека судиите доделија 15 дополнителни минути и сакаа правдата да ја земат во свои раце. По крајот на мечот десетина навивачи истрчаа на теренот и се обидоа да направат хаос. Кон теренот полетаа и платични шишиња и чаши.

Покрај тоа, кога фудбалерите од Аргентина се повлекуваа кон тунелот, зад нив долетаа и пиротехнички средства кои пукнаа во нивна близина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани