Пикфорд добро си ја завршил домашната: Пеналот на Аканџи не го одбрани случајно (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Англија обезбеди полуфинале на Европското првенство откако на пенали ја елиминираше Швајцарија, претходно во регуларниот дел и по 120 минути фудбал резултатот беше 1:1.

Трагичар за Англичаните беше дефанзивецот Мануел Аканџи кој единствен промаши. Пикфорд го одбрани неговиот удар откако му ја погоди страната. Очигледно тоа и не било случајно.

Фотографите успеаа да го уловат шишето со вода на Пикфорд на кое се испишани имињата на фудбалерите на Швајцарија и каде најчесто шутираат. Кога во прашање е Аканџи неговата пронцека се покажа како точна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани