Српскиот селектор Драган Стојковиќ преку сајтот на Фудбалскиот сојуз на Србија за првпат зборуваше по враќањето од Европското првенство.
На првенството Србија настапот го заврши во групната фаза каде што играше против Англија, Словенија и Данска. Избраниците на Пикси освоија само два бода од два нарешени натпревари, против „Гордиот Албион“ беа поразени.
Уште од прв момент Пикси тврди дека за него настапот на Србија не е дебакл, а сега вели дека имал поддршка и од големи тренерски имиња.
„Зборував со Капело, Венгер, Клоп, Бенитез, Дејвид Мојс…Нивното мислење не се разликува многу од нашата анализа по првенството. Капело ми кажа дека не сме заслужиле да изгубиме од Англија и дека не одигравме така лошо. Мораш да постигнеш гол ако сакаш да победиш. Сите се враќаат на шансите на Митровиќ против Словенија, само една топка да влезеше во мрежата ситуацијата ќе беше поинаква. Сите ми кажаа да ја кренеме главата и да продолжиме да работиме. Разговаравме за освежување на репрезентацијата и идејата за подмладување ми се допаѓа“, изјави Пикси.
И покрај барањата на јавноста за смена на селекторската позиција, ФСС пред два дена потврди дека тој ќе остане на клупата.