Пикси: Приказната со Тадиќ минато, сега сѐ е во ред!

by riste
1 минути читање

Во првото коло Србија одигра солиден натпревар против главниот фаворит Англија, но немир во нивниот табор внесе изјавата на капитенот Душан Тадиќ кој јавно искажа негодување на одлуката на селекторот Драган Стојковиќ да не го игра од првата минута.

Откако страстите се смирија, Тадиќ се извинил на селекторот и атмосферата во репрезентацијата е вратена во нормала.

На прес-конференцијата пред денешниот меч со Словенија, Драган Стојковиќ неминовно беше прашан и за ситуацијата со Тадиќ.

„Ништо посебно, можеби медиумски е интересно, но… Одрабивме квалитетен тренинг, Тадиќ се извини и приказната е завршена. Не се случи ништо друго. Најважен сега е мечот со Словенија кој е пред нас, друго ништо не би додал“, изјави Пикси за случајот со капитенот.

Останува да се види дали на денешниот дуел со Словенија, селекторот на Србија ќе одлучи да почне со Тадиќ или повторно ќе го остави на клупа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани