„Спорт Клуб“ објаснува зошто Драган Стојковиќ – Пикси нема да си поднесе оставка од селекторската позиција на српската репрезентација.
Овој медиум дознава дека договорот на Пикси со Српскиот фудбалски сојуз е таков што во случај на раскин еден милион плаќа оној кој го раскинува договорот. Тоа важи и за двете страни.
Тоа значи дека доколку Пикси си поднесе оставка ќе треба да плати и милион евра на ФСС, а ќе остане и без милион евра кои би ги добил доколку добие отказ. За сам да си замине од позицијата збирно би го чинело цели два милиони евра.
Актуелниот договор на Пикси со ФСС трае до 2026 година, тој сигурно нема сам да си замине. Најлогична варијанта е да добие отказ и отштета од милион евра.
Сепак, не се исклучува можноста да си замине со взаемен договор меѓу двете страни и да добие помало обештетување.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.