252
Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси и натаму нема потпишано продолжување на договорот за да остане на клупата на репрезентацијата.
Проблеми прават финансиите и не делува дека набргу ќе има решение на ситуацијата. Фудбалскиот сојуз на Србите во новиот договор сака да вметне клаузула според која ќе може да му врачи отказ ако не дојде до осминафиналето на Европското првенство.
За таква клаузула, Пикси бара отштета од федерацијата во висина од еден милион евра, а тоа не им се допаѓа на челниците. Преговорите се престанати во овој момент, а се очекува да продолжат следната седмица.