Репрезентацијата на Србија не ги оправда очекувањата на јавноста на Европското првенство и беше елиминирана по групната фаза во која играа со Англија, Данска и Словенија. Но и покрај тоа селектоорот Пикси добил супер богата понуда.
Српските медиуми во изминатите денови се занимаваа со неговото заминување или останување на клупата на Србија, а сега пристигнува вест дека добил понуда од 10 милиони евра по сезона.
Медиумите во Србија тврдат дека Пикси ја нема повеќе поддршката од сојузот, но проблем е што ако го отпуштат ќе треба да му исплатат еден милион. Таа сума не би му ја платиле ако сам поднесе оставка.
Сега пристигнува информација дека неименуван Фудбалски сојуз од Азија е спремен да му понуди плата од 10 милиони евра и тоа би можело да го забрза процесот во преговорите за негово заминување.
Со прифаќање на понудата Пикси би добил далеку поголема плата, додека Србија ќе заштеди и ќе добие можност да го смени селекторот без да плаќа оштета.