Српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси е во центарот на вниманието, бидејќи Србите во него ја најдоа вината за лошите резултати на Европското првенство и последното место во групата.
По враќањето на репрезентативниот камп во Србија, Пикси даде кратка изјава. Новинарите го прашаа што мисли за дебаклот на првенството во Германија, а тој даде интересен одговор.
„Дебакл? Дебакл е кога ќе загубиш со 7-0. Дебакл е кога ти се пијанчиш во Аугсбург и Минхен, кога се тепаш на тренинзи… Во тие работи треба да гледаме каде гори. Никој од нас не го правеше тоа. Јас сум горд на момците за однесувањето“, изјави Пикси.
Нејасно е на што алудираше селекторот на Србија во оваа изјава, меѓутоа дополнително ги „распали“ навивачите и јавноста.