Пикси го советувал Павловиќ: Му кажав дека ако бирам, би го одбрал Милан

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Милан го доведе Страхиња Павловиќ и се очекува само неговата официјална презентација.

За овој трансфер реши да зборува и селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси. Тој смета дека стоперот донел одлична одлука за својата иднина и откри дека му дал совет за време на Европското првенство.

Павловиќ не е само дефанзивец, туку и борец. Ќе биде големо засилување за Милан. На Европското првенство ме праша за совет, а јас му реков дека кога би бирал сега, би го одбрал Милан. Во прашање е голем клуб, а Серија А е универзитет за дефанзивци. Тој многу се жртвуваше во последните години, особено кога не играше доволно во Франција и Белгија. Ги има сите карактеристики да стане одличен дефанзивец. Милан доведе одличен фудбалер за ефтини пари“, изјави Павловиќ.

Страхиња Павловиќ во зделка вредна вкупно 20 милиони евра се сели од Салцбург во редовите на Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани