Селекторото на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ – Пикси го објави списокот на Србија за престојните натпревари од Лигата на нации, а на него нема речиси една третина од фудбалерите кои беа на Европско првенство.
На списокот се најдоа 29 играчи, а тој ќе биде скратен на пред собирот на репрезентацијата за натпреварите против Шпанија и Данска.
На списокот очекувано не е Душан Тадиќ кој објави крај на кариерата во репрезентацијата, а не се повикани и голманот Вања Милинковиќ-Савиќ, Урош Спајиќ, Срѓан Мијаиловиќ, Филип Младеновиќ, Немања Гудељ, Филип Костиќ и Мијат Гачиновиќ.
Списокот на Србија:
Голмани: Предраг Рајковиќ, Ѓорѓе Петровиќ, Александар Јовановиќ, Марко Илиќ
Одбрана: Страхиња Павловиќ, Никола Миленковиќ, Срѓан Бабиќ, Милош Вељковиќ, Страхиња Ераковиќ, Немања Стојиќ, Јан Карло Симиќ, Коста Недељковиќ, Алекса Терзиќ
Среден ред: Саша Лукиќ, Иван Илиќ, Немаља Максимовиќ, Кристијан Белиќ, Марко Грујиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Лазар Самарџиќ, Милан Алексиќ, Андрија Живковиќ, Вељко Бирманчевиќ, Стефан Митровиќ
Напад: Александар Митровиќ, Душан Влаховиќ, Лука Јовиќ, Петар Ратков, Михаило Ивановиќ