Пет натпревари суспензија за Дарвин Нуњез!

by Стефан
1 минути читање

KOНМЕБОЛ ги соопшти казните за учесниците во инцидентот по полуфиналето на Копа Америка во кој ургувајските фудбалери влегоа во пресметка со навивачите на трибините.

Репрезентативците на Уругвај реагираа бурно и ги критикуваа организаторите за безбедноста бидејќи нивните семејства биле нападнати на трибините, па тие морале да ги бранат.

Иако се потврдени организацски пропусти, Уругвајците скапо ќе го платат тој инцидент. Фудбалерот на Ливерпул заработи пет натпревари суспензија и нема да може да помогне на репрезентацијата во дуелите ко иследат.

Родриго Бентакур е суспендиран на еден меч помалку, додека по три натпревари суспензија заработија Оливера, Араухо, Касерес и Хименез. Исто така Фудбалската федерација на Уругвај ќе плати 97.000 долари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани