194
Тренерот Горан Петрески заедно со неговиот стручен штаб си заминува од Вардар по вчерашниот дебакл од Воска Спорт на домашен терен.
Петрески клупата на Вардар ја напушта по два натпревари во кои забележа два порази, освен од Воска, црвено-црните претходно беа поразени и со 3:0 од Шкупи.
“Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати”, изјави Петрески.
Засега не е познато кој ќе биде новиот стратег на Вардар.