Хернан Креспо доби отказ од Ал Аин во Обединетите Американски Емирати по серијата лоши резултати.
Легендата на аргентинскиот фудбал по 49 натпревари на клупата на кои забележа 22 победи, седум ремија и 20 порази доби „шут карта“. На Креспо му пресуди последниот дебакл и „петардата“ од тимот на Роналдо во азиската Лига на шампиони. Ал Наср со 5-1 го совлада Ал Аин во континенталното натпреварување.
Тоа беше доволно за управата да реши дека е време да му се заблагодари на 49-годишниот стратег.
Креспо во тренерската кариера работеше во Парма, Модена, Банфилд, Дефенса Јустиција, Сао Пауло и Ал Духаил.
Неговата играчка кариера беше далеку посјајна. Аргентинецот беше напаѓачка ѕвезда и тресеше мрежи за Ривер Плејт, Парма, лацио, Интер, Челзи, Милан…