162
Екипата на Пелистер му даде нов договор на младиот фудбалер Стефан Ивановски кој и следната сезона ќе настапува во битолскиот прволигаш.
Десниот бек важи за талент и е доста перспективен, а потекнува од школата на пелистерци. Ивановски го прифати вториот професионален договор во кариерата и ќе остане да ги брани боите на матичниот клуб.
Во тимот на Влатко Костов редовно има место за бекот. Ивановски беше стартер на трите натпревари оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига.