Перишиќ: Зошто пропаднаа преговорите со Ајакс? Прашајте ги нив…

by 24 фудбал
1 минути читање

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ во средата и официјално стана член на ПСВ.

35-годишното крило остана без клуб откако се раздели со Хајдук, а му пропадна трансфер во Комо и Серија А. Решението го пронајде во Холандија, каде што според неговите зборови ПСВ не бил единствен заинтересиран за него…

Ајакс ми пријде пред десетина дена. Зошто пропаднаа моите преговори со Ајакс? Тоа треба да ги прашате нив. Сепак, среќен сум што завршив во ПСВ. Бев прилично нервозен, тренирав во неизвесност додека чекав клуб. Кога добив понуда од ПСВ, веднаш прифатив. Играат добар фудбал. Сакам да се борам за трофеи, гладен сум за победи и едвај чекам да дебитирам“, изјави Перишиќ.

Во кариерата Иван Перишиќ освен за Хајдук играше за Сошо, Розелар, Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн Минхен и Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани