Перез се подготвува за бурно лето, познати дел од трансфер желбите на Реал!

by 24 фудбал
2 минути читање

Реал Мадрид ќе мора да работи напорно во следните трансфер периоди, пред сè бидејќи добар дел од тимот има преку 30 години и за овие играчи секоја повреда е сериозен проблем. Последни во низата повредени се Давид Алаба (не беше ниту целосно заздравен), а уште поважно Дани Карвахал кој ја заврши сезоната откако ги скина лигаментите.

Поради тоа шпанските медиуми ги откриваат потенцијалните мети на „кралевите“ за зимскиот и летниот преоден рок.

Според најавите, главни имиња на листата се за бековските позиции. Прва желба е Трент Александер Арнолд кому му истекува договорот со Ливерпул на крајот на сезоната, а самиот играч одолговлекува со потписот. Доколку остане така до јануари, Арнолд може да се договори за бесплатно да прејде во Мадрид. Освен асот на Ливерпул, голема желба е и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен. Ситуацијата и со Канаѓанецот е иста, договорот истекува следното лето, а продолжување на истата е далечно.

Реал исто така размислува и за засилување на стоперските позиции, бидејќи веројатно Алаба налето ќе замине. Тука мадриѓани би се свртеле кон млади и талентирани имиња, а се споменуваат Витор Реис (18) од Палмеирас и Јарек Гасировски (19) од Валенсија. Исто така сон за дефанзивата е Џонатан Тах чиј договор истекува со Баер Леверкузен.

Освен тоа, Реал го следи и Витиња од ПСЖ, бидејќи им се потребни креативци за средината од теренот. Парижани не би го пуштиле лесно, но 24-годишникот има желба да заигра за Реал. Сон за „кралевите“ е Флориан Вирц, фудбалер во кој ја гледаат замената за Лука Модриќ. Ниту ова не е лесна мета, особено бидејќи Германецот игра на врвно ниво. Како и да е, јасно е дека пред Реал Мадрид е период полн со работа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани