152
Реал Мадрид според последните информации од Шпанија и Германија веќе ја избрал главната мета по која ќе тргне во летото кое следи.
Флоријан Вирц наводно е големата желба на Флорентино Перез кој повеќе тоа не го крие и на луѓето од своите кругови им соопштил дека ќе се обиде да го доведе.
Според информациите, Перез е спремен да понуди дури 150 милиони евра, сума со која Вирц би станал најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид.
Тој рекорд во овој момент е во сопственост на Еден Азар за кого Реал на Челси му плати 120 милиони евра. Зад него на листата е Џуд Белингем со 113 милиони.