На самиот старт на сезоната англиските клубови имаат прилично густ распоред, особено тие кои ќе играат во Европа.
Пеп Гвардиола кој често има критики за распоредот повторно ќе биде лут, бидејќи на Манчестер Сити му „се падна“ да игра два натпревари во 49 часа на крајот на овој месец.
На 22 септември по стартот на Лигата на шампионите екипата на Сити ќе го дочека ривалот за титулата Арсенал на „Етихад“ во 17:30. Само два дена подоцна, англискиот првак го чека дуел со Вотфорд во Лига купот (24 септември).
Првично мечот од купот беше планиран за 25 септември, меѓутоа тогаш Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа го дочекува Твенте, а бидејќи полицијата во Манчестер нема доволно капацитети да покрие два меча предност доби европскиот натпревар.