„Нова ера“ во Сити, Пеп сака пет потенцијални капитални засилувања

by 24 фудбал
1 минути читање

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов, двегодишен договор со Манчестер Сити. Шпанскиот стручњак до 2027 година ќе остане на „Етихад“, а веднаш по продолжувањето на соработката почнаа шпекулациите за засилувања.

Оваа сезона Сити не делува доминантно како во изминатите, па нема да биде лесно да го одбрани трофејот во Премиер лигата. Покрај тоа, тука е и проблемот со 115 прекршувања на Финансискиот фер плеј и исчекувањето на одлуката на судот. Сепак, веќе се зборува дека Пеп од челниците на клубот бара капитални засилувања, главно бидејќи дел од носителите на играта веќе старет. Во оперативниот дел на клубот ќе му се приклучи Хуго Виана, кој ќе го замени Чики Бегиристан.

Поради тоа, веќе е креирана листа од пет потенцијални имиња за „новата ера“ на Манчестер Сити.

Првото е Осман Диоманде, дефанзивецот на Спортинг во кој на „Етихад“ гледаат решение за иднината. Пеп сака да се обедини и со Џошуа Кимих, асот на Баерн Минхен кој може да покрие повеќе позиции на теренот во дефанзивата и средниот ред. Се споменува и Мартин Зубименди од Реал Сосиедад кој минатото лето беше на чекор до потпис со Ливерпул.

Веќе во нападот, амбициите се доста поголеми. Опција е Родриго од Реал Мадрид кој по доаѓањето на Мбапе нема толку простор, а може да игра на различни позиции во офанзивата. Сонот е и Виктор Ѓокереш, шведското чудо од напаѓач кој ја одушеви Европа со настапите за Спортинг. Сепак, непознато е како и дали Ѓокереш ќе може да функционира заедно со Ерлинг Халанд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани