Пеп доцнеше половина час, па заврши прес-конференција за три минути и ги налути Англичаните

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити во рамките на 11. коло ќе се судри со Брајтон во Премиер лигата. По тешкиот пораз од Спортинг во Лигата на шампионите расположението не е во најдобра ситуација.

Тоа најдобро го докажува однесувањето на Пеп Гвардиола. Шпанскиот тренер доцнел половина час на прес-конференцијата. Потоа откако пристигнал со однесувањето делувало како да сака што побргу да заврши. Кратко одговарал на прашањата и заминал по само три минути.

Тоа не им се допадна на англиските новинари кои веднаш го критикуваа однесувањето на Гвардиола.

Гвардиола не е задоволен и добро внимаваше што кажува за да не ја мине границата. Ова беше ремек-дело за да се тргне фокусот од резултатската криза“, стои во дел од натписите.

Сити по долго време дочекува натпревар со три порази во низа. Сите три неуспеси беа на различни фронтови, во ЕФЛ Купот од Тотнем, од Борнмут во првенството и од Спортинг во елитното натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани