Пеп Гвардиола донел одлука за иднината?

by 24 фудбал
1 минути читање

Според добро упатениот и угледен новинар на „Атлетик“, Давид Орстеин, Пеп Гвардиола веќе донел одлука за иднината и покрај тоа што нагласува дека не е така.

Шпанскиот стратег изгледа ќе остане уште една сезона на клупата на Манчестер Сити. Според неговите информации, Орстеин вели дека Пеп ќе прифати едногодишно продолжување на соработката со англискиот првак и ќе замине пред Светското првенство во 2026 година.

Во неколку наврати Гвардиола добиваше прашања од новинарите на оваа тема, а секогаш велеше дека сè уште не одлучил на таа тема.

Од неодамна стана познато дека заминува спортскиот директор Чики Бегиристајн, па тоа предизвика лавина реакции и најави дека истото ќе го направи и Пеп. Сепак, постојат добри шанси тој да остане и следната сезона во Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани