„Пеналот за Англија е срам за УЕФА“

by Стефан
2 минути читање

Репрезентацијата на Англија со гол од пенал стигна до водство против Холандија, меѓутоа тоа беше пенал кој ќе се анализира.

Многумина ќе кажат дека судијата Цвајер погреши кога досуди најстрога казна бидејќи Кејн веќе ја шутна топката, па потоа дојде ударот.

Дека не требало да биде пенал смета и поранешниот српски фудбалер, а денес аналитичар, Раде Богдановиќ.

„Пеналот на Англија е срам за УЕФА, срамота е што гледаме вакви судии и вакво судење. Не е коректно. Играв како центарфорд, играчот не влијаеше на шутот. Во време на контактот топката беше кај пречката. Контактот беше минимален и по мое мислење немаше елементи за пенал. За мене ова е многу лоша одлука“, изјави Богдановиќ.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани