Екипата на Пелистер во рамките на осмото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе гостуваат кај екипата на Брера Струмица.
Во пресрет на натпреварот, своите очекувања ги изнесе голманот Андреј Јовчевски кој е У21 репрезентативец на Македонија
„Ден пред натпревар. Утре гостуваме кај Брера. Тие се квалитетен противни и максимално ги респектираме. Сакаме да ја задржиме истата атмосфера од минатите натпревари и одиме на позитивен резултат“, изјави голманот Јовчевски.
Исто така, своите очекувања ги изнесе искусниот дефанзивец Александар Ристевски. Тој минатата сезона беше дел од Брера, па добро ги познава противниците.
„Одлично сме подготвени за натпреварот. Добро го познаваме противникот и неговите можности, имаме голема почит кон нив. Ќе биде ова тешко гостување, ама одиме на позитивен резултат во Струмица“, изјави Ристевски.
Од овој викенд натпреварите од ПМФЛ и ВМФЛ ќе се играат во терминот од 14:00 часот, а Брера и Пелистер ќе се судрат в недела.