Партизан е на прагот да направи „хет-трик“ во елиминации од Европските натпреварувања!

by riste
1 минути читање

Партизан е пред елиминација од квалификациите во Конференциската лига откако на свој терен загуби од Гент со 1-0.

Црно-белите европското лето го почнаа од квалификациите во Лигата на шампионите, но таму беа прегазени од Динамо Киев со вкупни 9-2.

Потоа се префрлија во квалификациитеод Лига Европа каде беа елиминирани од Лугано. Швајцарскиот тим помина со вкупни 3-2, клучен беше нивниот триумф во Белград со 1-0.

Партизан денеска се обиде и во квалификациите во Конференциската лига, но го загуби првиот меч од Гент со 1-0 и тоа на свој терен.

За да избегне елиминации во сите три натпреварувања ова лето, Партизан ќе мора да победи во Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани