412
Парма денеска освои бод на гостувањето кај Бари, мечот заврши 1-1, а тоа беше сосема доволно за на две кола пред крајот да го завери пласманот во најсилната италијанска лига.
Клубот во кој играле многу легендарни фудбалери, Парма, од следната сезона повторно ќе настапува во Серија А.
Во денешното коло од втората италијанска лига, тие одиграа 1-1 на гостувањето кај Бари.
На две кола пред крајот Парма е на првото место со 74 бодови, седум повеќе од третопласираната Венеција.