На петти октомври во кинескиот град Нанинг ќе се одигра фудбалски натпревар кој ќе пробуди многу спомени, а тоа ќе биде меѓу легендите на Интер и Милан.
Честа да биде дел од интеровите легенди ќе добие и Горан Пандев. Македонската фудбалска легенда со „нераѕурите“ ја освои Лигата на шампионите во 2010 година, а сега ќе има шанса да заигра со дел од своите поранешни соиграчи повторно.
Интересно, во нападот освен Пандев ќе заигра и бразилската легенда Адриано кој не е чест гостин на ревијалните натпревари. За Интер пак ќе заиграат Занети, Матераци, Маикон, Снајдер, Милито…
Составот на Интер за ревијалниот натпревар против Милан:
Ревијалното „Дерби дела Мадонина“ ќе се одигра на петти октомври во 14:00 часот во Нанинг. Сè уште не е познато со каков состав во Кина ќе допатува Милан.