Maкедонскатата фудбалска икона Горан Пандев беше гостин во емисијата „Моите најдобри 11“ каде што зборуваше на разни теми.
Пандев се потсети и на неговиот тежок период во Италија кога најмногу му помогнал хрватскиот фудбалер, Милан Репаиќ.
Во Анкона Пандев дојде во сезоната 2003/2004, а доколку го немало Репаиќ во тимот тогаш ќе му било многу потешко.
„Репаиќ ми помогна навистина многу. Имав финансиски проблеми затоа што клубот долго време не ни плаќаше. Тој ме зема да живеам кај него, бев дете и не можев да си ја плаќам киријата. Тренер ни беше Џовани Галоне, а во една ситуација Репаиќ му кажа: Гледате ли како му оди на малиот, нека игра. Тогаш првпат против Болоња ми даде шанса да стартувам и јас постигнав гол, не го разочарав“, изјави Пандев.