Репрезентацијата на Англија беше поразена во финалето на Европското првенство од Шпанија, а фудбалерите заминаа на одмор по кој ќе се вратат на клупските обврски.
Еден од фудбалерите кои играше на ЕП беше и Кол Палмер кој наводно времето во репрезентацијата го искористи и да си обезбеди нов соиграч во Челси.
Англиските медиуми пренесуваат дека Палмер се зближил со Оли Воктинс на кого му асистираше за голот за победа во полуфиналето. Двајцата имале одличен однос и многу се дружеле надвор од теренот.
Енцо Мареска наводно исто така бил заинтересиран да го види Воткинс во тандем со Палмер и во редовите на „сините“.
Челси е во потрагa, a Воткинс би можел да биде одлично решение. Oдличниот напаѓач постигна 19 голови во Премиер лигата и помогна Астон Вила да се избори за настап во Лигата на шампионите.