115
Кол Палмер одигра лудо полувре во натпреварот помеѓу Брајто и Челси и направи нешто што не му успеало на ниту еден друг фудбалер во Премиер лигата претходно.
Фудбалерот на Челси успеа да постигне четири гола во првите 45 минути, а тоа претходно не го направил никој во најсилната англиска конкуренција.
Брајтон прв дојде до водство со голот на Рутер, а потоа следуваа три гола на Палмер за 3:1 Балеба намали на 3:2, за во 41. минтуа Палмер одново да се запише во листата на стрелци. Третиот гол беше вистинско ремек-дело од слободен удар.