Палмеирас покажува како се работи: По Ендрик скапо продаде уште еден бразилски талент

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Вест Хем денеска го претстави првото засилување откако на клупата на овој тим седна шпанскиот стратег Јулијен Лопетеги.

Нов фудбалер на „чеканите“ 18-годишниот крилен напаѓач, Луис Гиљерме кој потпиша петгодишен договор со премиерлигашот. Гиљерме пристигнува од редовите на Палмериас, тим кој претходно на Реал Мадрид го продаде Ендрик за 55 милиони евра.

Сумата во трансферот на Гиљерме не е објавена, но британските медиуми откриваат дека станува збор за 25 милиони евра.

„Среќен сум што потпишав за Вест, клубот покажа дека верува во мене. Ми беше претставен проект кој ми се допадна на мене и моето семејство и се надевам дека ќе помогнам во неговата реализација“, изјави Гиљерме.

Во изминатата сезона Гиљерме со Палмеирас ја освои шампионската титула во Бразил и очекувањата од него во лондонскиот клуб се големи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани