Палермо немоќен, Наполи лесно до осминафиналето од Купот на Италија (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Eкипите на Монца и Наполи се последните осминафиналисти во Купот на Италија.

Наполи пред своите навивачи беше убедлив со Палермо и го совлада со дури 5:0. Иако натпреварот потсетуваше на некогашните кога Палермо беше дел од Серија А, сепак квалитетот на теренот во овој момент беше очигледен.

Победата Наполи ја обезбеди уште во првите 45 минути кога постигна три гола. Нгонге двапати се запиша на листата стрелци во 7. и 12. минута, а во 42. Хуан Хесус погоди за 3:0.

Доминираше Наполи и во вториот дел па Нерес и Мектоминеј донесоа уште поубедлив триумф. Пред двата гола на Наполи исклучување во редовите на гостите заработи Васиќ.

Во натпреварот кој се играше претходно Монца ја совлада Болоња со 3:1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани